17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел незадоволна: Политиката на ЕЦБ не ги дава ефектите кои ги сака...

Меркел незадоволна: Политиката на ЕЦБ не ги дава ефектите кои ги сака Германија

Монетарната политика на Европската централна банка (ЕЦБ) сеуште не дава ефекти кои Германија сака да ги види, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Таквата нејзина изјава доаѓа после повеќегодишните ултралабави мерки на ЕЦБ наменети за подигнување на економскиот раст во еврозоната, пренесува Ројтерс.

„Се уште не сме таму каде што би сакале да бидеме во смисла на монетарната политика на ЕЦБ. Добра вест, сепак, е дека сите членки на евроозната повторно бележат раст, дека се создадени повеќе милиони нови работи места, што не охрабрува дека сме на добар пат“, изјави Меркел.

Во не така честото коментирање на полтиката на ЕЦБ, која е независна институција, Меркел нагласи дека е важно Европа повторно да се врати во добра форма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП