11 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром се „мачи“ со гасните проекти поради санкциите од САД

Газпром се „мачи“ со гасните проекти поради санкциите од САД

Загриженост за проектите „Северен поток 2“ и „Турски поток“ се впишани во проспектот за емисијата обврзници, која ја подготвува „Газпром“. За ова објави онлајн изданието „Ведомости“.

Причината за стравувањата се новите санкции кои ги планира САД. Тие можат да ги замрзнат или дури да ги пропаднат проекти на компанијата, меѓу кои се и двата гасоводи. Досега од компанијата јавно не признале за стравувања за двата гасоводи и гарантираат дека тие ќе бидат реализирани во период.

Ако САД воведе новите санкции за „Газпром“ би било тешко да се обезбедат партнери од Западот, соодветно и финансирање. Аналитичарите објаснуваат за „Ведомости“, дека руската компанија би можела сама да ги обезбеди потребните средства.

Позната закана има во однос на градежните работи поради „Allseas“ која врши изградба на морскиот дел на „Турски поток“. Според изданието сепак руската страна и тука има опции за реакција.

Според директорот на „Fitch Ratings“, Дмитриј Маринченко опасноста за проектите на „Газпром“ е реална. Според него „Северен поток 2“ пример нема и јасна економска корист. Овој проект ќе го зголеми потенцијалот за извоз, но не е јасно колку Европа е подготвена да прифати уште руски гас, објаснува тој пред руското издание.

Во вторникот енергетските компании во Европа се пожалија од притисокот од страна на САД поради енергетски проекти. Компаниите се дел од конзорциумот кој планира да гради екстензии на „Северен поток“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП