4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на индустриското производство во еврозоната 1,3 проценти

Растот на индустриското производство во еврозоната 1,3 проценти

Индустрискиот сектор во 19-члената еврозона во мај ги оствари најдобрите резултати од ноември минатата година.

Тоа му оди во прилог на забрзувањето на економскиот раст на регионот во вториот квартал.

Индустриското производство во мај, на месечно ниво, порасна за 1,3 проценти, што е за 0,3 проценти повеќе отколку во април и повеќе од очекуваниот раст од 1,0 проценти, покажале денес објавените податоци на европската служба за статистика Евростат, пренесува агенцијата АП.

Таквите податоци се најновиот доказ за продолжувањето на закрепнувањето на еврозоната во оваа година, а исто така постојат очекувања дека економскиот раст на еврозоната забрзал во кварталот април-јуни на 0,7 проценти на квартално ниво.

Првата проценка за движењето на БДП за вториот квартал би требало да биде обелоденета на почетокот на наредниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП