19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија со невработеност најниска за последните 42 години

Британија со невработеност најниска за последните 42 години

Стапката на невработеност во Британија повторно опадна, бидејќи пазарот за труд покажува отпорност и покрај забавувањето на пошироката економија.

Стапката на невработеност во периодот мaрт-мај опаднала на 4,5 проценти, што е за 0,2 процентни поени пониско отколку во претходните три месеци, покажаа податоците на британската Канцеларија за статистика, пренесува агенцијата АП.

Тоа е најниската невработеност од 1975 година, а бројот на невработени во тој квартал е намален за 64,000 лица.

Стапката на вработеност изнесува 74,9 проценти, што е највисоката стапка на вработеност откако е започнато со следењето на тие податоци во 1971 година.

Позитивните вести од пазарот на трудот се во спротивност со другите податоци кои укажуваат на забавување на британската економија, наведува агенцијата АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП