1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија е најатрактивна за богатите приватни инвеститори во недвижности

Велика Британија е најатрактивна за богатите приватни инвеститори во недвижности

Велика Британија останува најатрактивна земја за инвестирање во имот од богатите приватни инвеститори, а тоа значи дека луѓето сеуште веруваат недвижностите на Островот за инвестициски средства, се наведува во новиот извештај на консултантската компанија „Knight Frank“.

Генерално приватните инвеститори веќе имаат силно присуство и на пазарот на деловен простор во земјата. Како резултат на тоа, тие се претвораат во поважна сила на светскиот пазар на недвижности.

Според компанијата 27% од сите трансакции со деловен простор во светот вклучуваат приватен купувач. Една четвртина од приватното богатство се насочува кон инвестиции во недвижен имот во некој вид.

„Претпоставуваме дека приватните инвеститори ќе продолжат да заземаат глобален удел на пазарот, бидејќи бројот на богатите поединци и нивните средства се зголемуваат. Бројот на богатите со нето средства во вредност од над 30 милиони долари се зголемува со 6.340 лица во 2016-та година, а вкупниот број достигнува 193.490 лица“, коментира Ентони Дуган, директор за истражување на пазарите на капитал во компанијата.

Очекувањата се апетитот на приватните инвеститори за бизнис имот да продолжи да се зголемува. Податоците покажуваат дека 32% од ултра богатите ќе инвестираат во прекугранични трансакции со недвижности во следните две години.

Податоците покажуваат уште дека Азија се повеќе ја предизвикува САД во однос на најголемото регионално население од ултра богати инвеститори. Во моментов во Азија ултра богатите имаат само малку над 27.000 лица помалку во споредба со САД. Пресметките покажуваат дека до 2026-та година оваа разлика ќе се намали до малку над 7.000 лица.

Ризикот, особено политичкиот и економскиот, се очекува да продолжи да биде повисок во агендата на инвеститорите во 2017-та година. Во извештајот се наведува дека луѓето се стремат да ги прошират своите паричници и на географско ниво.

Недвижности со директна структура на сопственост, на различни видови и пристапи за управување се атрактивни за оние кои не сакаат да прифатат решенија на трети земји или да бидат ограничени од моделот на затворените фондови за вршење на трансакции.

Девизните движења и контролата на капиталот во некои случаи се причина инвеститорите да сакаат изнесат капитал од засегнатите страни.

„Најдобрите целни пазари ќе бидат главно оние кои покажуваат солидни основи, вклучувајќи пребарување на станарите, ликвидност и транспарентност. Се почесто сепак консултираме клиенти не само со првокласни канцеларии, средства на мало и хотели, но и стратешки инвестиции во сектори на раст, како градската логистика, забавните и специјализираните средства, вклучувајќи ги студентските домови“, дополнуваат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП