20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDacia официјално објави дека ќе прави електричен автомобил

Dacia официјално објави дека ќе прави електричен автомобил

Компанијата „Renault“ ќе развива електрично возило по прифатлива цена, кој ќе се продава под брендот „Dacia“. Тоа го призна комерцијалниот директор на францускиот производител во Романија – Хаким Бутера.

„Ние треба да се адаптираме на новите барања и новото преминување на автомобилската индустрија кон алтернативни горива. Очигледно ова е глобалниот тренд и „Dacia“ е дел од него“, коментира Бутера.

Според него, 2040-та година (тогаш Франција официјално ќе ја забрани продажбата на бензински и дизел автомобили) може изгледа прилично далеку, а во компанијата веќе се подготвуваат за овој момент. Бутера не посака да открие детали за првиот електромобил на „Dacia“, но признава дека ќе биде или хечбек со димензиите на „Sandero“, или компактен кросовер, каков што е „Duster“.

Во моментов во Романија само 1% од локалната флота се состои од електрични или хибриди модели. Во Франција, работите се малку подобри- околу 4%. Во исто време, сепак продажбата на „зелени“ возила во Романија се зголемија речиси 3 пати за првите 4 месеци од годинава – од 195 во 2016-та на 548 во 2017-та година.

Зголемувањето на интересот за таков тип автомобили е значително олеснето од фактот дека повеќето локални бензиски пумпи имаат способност за брзо и лесно монтирање на станици за полнење. Такви се ставаат на најголемите булевари во Букурешт, како и на паркинзите пред хипермаркетите.

Романската влада веќе најави програма за помош од страна на државата на оној кој си купил електрично или хибридно возило. Кај автомобилите на струја субвенцијата достигнува 10.000 евра. Уште 1.500 евра се додаваат при враќање на стариот автомобил, па купувачот може да го добие електричниот модел со попуст до 11.500 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП