3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија сака да ги заштити подобро компаниите од купувања

Германија сака да ги заштити подобро компаниите од купувања

Федералната влада на Германија има намера да ги проверува построго купувањата на стратешки важните компании од инвеститори од странство, а во дадени случаи – да ги забранува.

За таа цел земјата одобри правила кои ќе и овозможат полесно да ја блокираат продажбата на стратешки важните компании на инвеститори од земји надвор од Европската унија (ЕУ).

Новите регулативи, кои беа усвоени во позадина на стравувања дека зајакнувањето на протекционизмот е штета на светската трговија, ќе и овозможи на Владата да ги стопира корпоративните превземања, ако има ризик „know-how“ да биде изгубен во странство. Правилата не бараат одобрување од парламентот. Тие се насочени првенствено кон компании од секторот на одбраната, но исто така и во сферата на критични инфраструктури, како компаниите за електродистрибуција компании и болници.

Новите правила за првпат ќе дефинираат критериуми за блокирање на договор, поточно ако е загрозена витална инфраструктура, како болници и електричната мрежа. Тие ќе влезат во сила, откако ќе бидат објавени во официјалното владино издание. Според новите одредби властите ќе има 4 месеци време за проверка на трансакцијата, наместо досегашните два. Исто така се овозможува и користење на доверливи информации од тајните служби.

„Остануваме една од најпознатите отворените економии во светот, но треба да ги земеме во предвид и правдата на конкурентските услови. Тоа им го должиме на компаниите. Тие често се натпреваруваат со земјите чии економии не се толку отворени како нашата“, рече министерот за економија Бригите Циприс во соопштението. Според неа во последните денови бројот и сложеноста за купувања се зголемува постојано во последните години и тоа ја натерало владата да реагира.

Купувањето на германскиот производител на роботи, „Kuka“ од страна на кинеската компанија „Midea“ во минатата година ги разгори стравувањата дека Кина си обезбедува пристап до клучните технологии, додека истовремено ги штити сопствените компании од странски превземања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП