28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа безбедност на храна 320 илјади евра поддршка од ИПА

За безбедност на храна 320 илјади евра поддршка од ИПА

320 илјади евра поддршка за заеднички иницијативи и проекти на институциите за безбедност на храна од земјите од регионот, претенденти за членство во ЕУ, се обезбедени преку ИПА фондовите.

Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) потенцира дека станува збор за проект што ќе се спроведува 18 месеци, од 1 декември годинава до 31 мај 2019, а целта е претпристапна помош и јакнење на институциите.

– Европската комисија има нов план за комуникација, за информирање околу активностите кои се однесуваат на безбедноста на храната. Планот е сè уште во драфт верзија, допрва ќе се разгледува и доработува со експерти од областа – рече Јелена Врачар Филиповиќ од ЕФСА.

Според Катерина Матиќ од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Република Македонија, напорно се работи на професионално информирање на сите засегнати страни.

– Сакаме да ја видиме Македонија како вистински соработник и партнер на ЕФСА. Се трудиме да ги проследиме сите нејзини информации, но и да ги анимираме медиумите. Напорно работиме во оваа насока. Веќе е изготвен регистар на субјекти кои се по која било основа поврзани со безбедноста на храната – науката, институциите, бизнис секторот – нагласи Матиќ.

Велика Атанасова од прес-службата на АХВ дополни дека Агенцијата има јасен концепт за комуникација и информирање особено за соработка со медиумите. – Работиме како тим, согласно законите и стандардите со цел навремено, точно и професионално информирање, рече Атанасова.

Соработката на АХВ со ЕФСА почна во 2011 година кога беше етаблирана Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ, а првиот проект на АХВ со поддршка на ЕФСА е истражувањето на храната за деца до 9-годишна возраст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП