26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре без вода неколку делови од Скопје

Утре без вода неколку делови од Скопје

Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје известуваат дека на 13.07.2017 (четврток) има две најави за прекин во водоснабдувањето.

Поради уличен дефект од Ф-100мм на ул.„Цветан Димов“ 98, без водоснабдување од 06:30 часот до завршување на дефектот ќе останат корисниците од истата улица, а со намален притисок ќе бидат ул.Серава и Гинекологија Чаир (општина Чаир).

Поради давање водоводен приклучок од Ф-100 мм и ф-150 мм на висока и ниска зона на ул.„Коста Новаковиќ“ бб, прекинато водоснабдување од 05:30 часот ќе останат корисниците од ул. „Коста Новаковиќ“ згр.1, 5, 9, 18, 20 и 22, ул. „Вангел Тодоровски“, згр.4 и 6, ул. „Владимир Комаров“ („23 Октомври“), згр.36, 38 и 40, како и касарната (општина Аеродром).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП