24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАО’Лири: Најголемото економско самоубиство во историјата e Брегзит

О’Лири: Најголемото економско самоубиство во историјата e Брегзит

Извршниот директор на нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири, го нарекол Брегзит „најголемото економско самоубиство во историјата“. Тој предупредил дека постои можност целосно да бидат уникати летовите помеѓу Велика Британија и Европската Унија (ЕУ).

О’Лири, заедно со уште неколкумина сопственици и директори на авиокомпании, учествувал во расправата за последиците кои Брегзит може да ги предизвика во авиоиндустријата која се одржа во Европскиот парламент.

Тој оценил дека доколку не биде постигнат договор помеѓу двете страни, дека постои реална шанса за „целосно укинување на летовите помеѓу Велика Британија и Европската Унија на неколку дена, недели или месеци“.

Британија од ЕУ целосно треба да се повлече до крајот на март 2019 година.

Челиците на Велика Британија и ЕЅ бараат двете страни што поскоро да ги постигнат договорите околу авиоиндустријата, во која билетите се купуваат и една година однапред.

О’Лири рекол дека по состанокот со владини претставници во Лондон стекнал впечаток дека британската влада нема поим што се случува и дека „Лондон се лаже себеси“.

Извршниот директор на „Рајанер“ истакнал дека доколку до есента во 2018 година не биде постигнат цврст договор, тогаш е подготвен да ги откаже сите летови од и кон Велика Британија во 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП