3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХан: Милијарда евра за Западен Балкан

Хан: Милијарда евра за Западен Балкан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во интервју за “Дојче Веле” изјави дека Европската Унија во следните неколку години ќе инвестира околу една милијарда евра во Западен Балкан.

“Ќе биде потпишан Договорот за транспорт што ќе им овозможи на земјите од Западниот Балкан, на некој начин, да се поврзат со транспортното законодавство на ЕУ што ќе даде огромни економски импулси за регионот. Ќе бидат договорени една цела дузина проекти во делот на транспортот и енергетиката во вредност од околу 200 милиони евра кои ќе покренат дополнителни инвестиции од околу 540 милиони евра. На тој начин ќе ја поставиме основата за еден регионален економски простор кој ќе треба да ја подобри меѓурегионалната економска трговија која што е неразвиена, а има голем потенцијал. Поаѓаме од тоа дека во следните години во регионот треба да се отворат нови 80 илјади работни места”, кажа Хан.

“Конечно, се работи за тоа да им се обезбеди економска перспектива на 20 милиони луѓе од Западен Балкан која ќе ги гарантира стабилноста, безбедноста, па ако сакате, и мирот во регионот”, додаде Хан.

“Имаме шест конкретни транспортни проекти, во делот на автопатите и во делот на железницата. Еден од железничките проекти е и славниот Коридор 8, кој треба да изгради врска исток-запад од Бугарија преку Македонија, и на крајот до Албанија. Планираме и натамошен развој на водните патишта меѓу БиХ и Србија, во делот на пристаништата. И тоа е многу важно. Во делот на транспортот ставаме на располагање околу 145 милиони евра, кои треба да поттикнат инвестиции од 450 милиони евра. Уште еден конкретен проект во областа на енергетиката е и познатиот интерконектор(гасоводот) меѓу Србија и Бугарија, каде, едноставно кажано, се работи за тоа да се добие едно премостување преку кое гасот ќе може да се доставува од Бугарија до Србија и обратно. И тоа е инвестиција од околу 50 милиони евра”, изјави Хан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП