22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P предупредува: Мрачно, а допрва ќе биде драстично

S&P предупредува: Мрачно, а допрва ќе биде драстично

Американската агенција за проценка на кредитен рејтинг „Standard&Poor’s“ предупреди дека економскиот раст на Велика Британија драстично ќе забави во наредните години.

Они наведоа дека неизвесноста за Брегзит ги зголемува „значајните ризици“ во приликите кои се веќе „мрачни“.

S&P во извештајот наведе дека британскиот раст оваа година ќе забави на 1,4 проценти од 1,8 проценти колку што беше во 2016 година. Забавувањето ќе продолжи и наредната година кога е предвиден раст од 0,9 проценти.

Агенцијата соопшти дека растот ќе биде ограничен со поголема инфлација и неизвесност околу Брегзит. Велика Британија го започна двегодишниот процес за напуштање на ЕУ кој ќе трае до март 2019 година.

S&P поради тоа се сомнева дека Банката на Англија наскоро ќе ги зголеми каматните стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП