23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемените цени го подигнаа профитот на PepsiCo

Зголемените цени го подигнаа профитот на PepsiCo

Профитот на компанијата „PepsiCo“ е зголемен во вториот квартал благодарение на повисоките цени на пијалоците и грицките.

Профитот на компанијата најпозната по газираниот пијалок „Pepsi“ порасна за пет проценти на 2,11 милијарди долари или 1,46 долари по акција. Заработката, прилагодена на трошоците за реструктуирање и еднократните трошоци, изнесувала 1,5 долари по акција, што ги надмина предвидувањата на Волстрит за 11 центи.

Приходите на „PepsiCo“ пораснаа за два проценти на 15,71 милијарди долари.

Одделението за пијалоци на „PepsiCo“ во Северна Америка забележало раст на приходите од два проценти, додека северноамериканската единица „Frito-Lay“ производителот на грицки на „PepsiCo“, забележа раст од три проценти.

Акциите на „PepsiCo“ благо пораснаа пред почетокот на тргувањето на Волстрит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП