29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатар: Имаме доволно пари да ги издржиме сите видови шокови

Катар: Имаме доволно пари да ги издржиме сите видови шокови

Катар има девизни резерви во висина од 340 милијарди долари и тоа би можело да му помогне да ја преброди изолацијата која му ја наметнаа моќните арапски соседи.

Тоа е кредибилноста на нашиот систем, порача гувернерот на катарската централна банка, шеикот Абдулах Бин Сауд ал-Тани во разговорот за американскиот CNBC.

„Имаме доволно пари да ги издржиме сите…. видови шокови“, изјави катарскиот гувернер и прецизираше дека централната банка има резерви во износ од 40 милијарди долари плус злато, додека државниот стабилизационен фонд располага со 300 милијарди.

На почетокот на јуни Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет ги прекинаа дипломатските и сообраќајните врски со Катар, обвинувајќи ја Доха за поддршка на тероризмот. Официјална Доха ги отфрли сите обвиненија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП