Грција планира да формира државна банка за развој, која ќе ги поддржи малите и средни претпријатија во земјата, пишува „Ројтерс“.
Идејата е институцијата да биде оперативна до средината на 2018-та година и да помогне на бизнисот во земјата да ги надмине долгите години на економска криза.
Малите и средните претпријатија се повеќе од 85% од фирмите во земјата. Тие би требало да бидат моторот на грчката економија, но често не можат да добијат финансирање од приватниот банкарски сектор, на кој му тежат големи количини лоши кредити, посочува уште „Ројтерс“.
Во оваа задача Владата ќе се обиде да привлече и партнерски банки кои би служеле на бизнис секторот, додава изворот на „Ројтерс“.
Очекувањата се дека конкретните планови за создавање на банката за развој ќе бидат откриени подоцна во текот на овој месец, а проектот на законот за нејзино основање ќе биде доставен до парламентот во септември.
Владата на СИРИЗА презема мерки за да се исчисти образот пред избирачите. Премиерот Алексис Ципрас ќе претстави серија на регионални конференции позитивните аспекти од постигнатите договори со доверителите за реалната економија на земјата, пишува „Катимерини“.
Првиот форум започнува во северниот град Кожани, додава весникот.