10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата повторно паднаа

Цените на нафтата повторно паднаа

Цените на нафтата повторно паднаа во вторник на меѓународните пазари кон 46 долари откако група банки, во контекст на прекумерното снабдување, ги намали прогнозите на цените за оваа година.

На лондонската берза цената на барелот е намалена за 50 центи во однос на претходното затворање на пазарот и изнесуваше 46,38 долари. Во ист износ била во минус и на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше по цена од 43,90 долари.

Одвоено, ОПЕК денеска објави дека цената на барелот на референтната кошничка од неговата нафта во понеделник изнесувала 44,77 долари, што значи дека паднала 34 центи во однос на претходниот работен ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП