13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП со засилени контроли, ќе ги контролира и заработките од Супер купот

УЈП со засилени контроли, ќе ги контролира и заработките од Супер купот

Управата за јавни приходи ќе прави засилени инспекциски контроли на места каде во идниот период се очекува зголемен готовински промет. Под лупа на УЈП ќе бидат Прилепскиот Пивофест, Струмичкиот Опен фест, како и фудбалскиот мега настан УЕФА Супер Купот кој ќе се одигра на „Филип Втори“ во Скопје.

Мониторингот на готовинскиот промет, според најавите на директорката Сања Лукаревска, ќе биде заради превентивно делување и ефикасно собирање на даноците. Но, ќе има и казни за тие што не плаќаат данок.

Одбегнувањето на плаќањето данок најизразено периодов било кај хотелите, рестораните, баровите, превозот и останати дејности во услужниот сектор, па така од 195 контроли викендов, неправилности се утврдени во 325 објекти. Некои издавале компјутерски, но нефискални сметки, други имале паралелен систем неповрзан со УЈП, а трети користеле стари, одјавени фискални апарати.

Управата ќе ја едуцира јавноста како да ги разликува сметките и предупреди дека ќе поведе постапки против неплаќачите на данок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП