21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо подготовка Национален портал за електронски услуги

Во подготовка Национален портал за електронски услуги

Граѓаните, според соопштението од Владата, ќе добијат Национален портал за електронски услуги преку кој ќе остварат 50 услуги што ќе бидат избрани како најважни.

Што ќе значи тоа поконкретно не е прецизирано, но сугерира дека во иднина граѓаните ќе добијат „едношалтерски електронски систем“, т.е. едно место од каде што ќе ги завршуваат повеќето потребни услуги со администрацијата.

Порталот се уште е во подготовка и не се навестува кога ќе стартува, а на денешната седница Владата само ја разгледала информацијата до каде е остварувањето на овој проект. Проектот е финансиран од ИПА фондовите на Европската унија и за него биле задолжени одредени министерства и државни институции. Од нив се очекува во најскоро време да ги утврдат приоритетните услуги што им се нудат на граѓаните со цел да се направи селекција на најважните 50, што граѓаните ќе ги добиваат по електронски пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП