24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цените на нафтата поради индициите за поголемо снабдување

Пад на цените на нафтата поради индициите за поголемо снабдување

Цените на нафтата паднаа во понеделник на меѓународните пазари под влијание на засилените активности на дупчење во САД, што најавува континуирано зголемување на и така обилното глобално снабдување.

На лондонската берза цената на барелот беше за 51 цент пониска во однос на претходното затворање на пазарот и изнесуваше 46,2 американски долари (УСД).

Во Њујорк барелот се тргуваше по 49 центи пониска цена, од 43,74 УСД.

Одвоено, ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во петокот изнесувала 45,11 УСД, што значи дека паднала 1,41 УСД во однос на претходниот работен ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП