2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната, Јапонија и Канада со стабилен економски раст

Еврозоната, Јапонија и Канада со стабилен економски раст

Главните показатели на движењето на економските активности на членките на Организацијата на земјите за економска соработка и развој (ОЕЦД) навестува продолжување на стабилната динамика на раст, се наведува во најновиот извештај на оваа организација.

Сеопфатниот главен индекс, со чија помош во ОЕЦД ги предвидуваат точките на прекршување во економските активности на членките за период од шест до девет месеци, во мај се задржа на сто бодови.

За Јапонија, Канада и еврозоната во целина е потврдена проценката на стабилен раст на економските активности.

За САД, најголемата светска економија, како и за Велика Британија и Италија, водечкиот индекс упатува на благи назнаки за забавување на растот.

Индексот за Германија, најголемата економија во еврозоната, навестува јакнење на растот во следниот период, се наведува во извештајот.

На исти претпоставки упатува и индексот за француската економија, втора по големина во еврозоната.

Референтниот индекс на ОЕЦД покажува јакнење на замавот во Кина, втората најголема светска економија, додека за Индија најавува стабилен раст на активностите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП