19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОбновата на Marks & Spencer оди според планот

Обновата на Marks & Spencer оди според планот

Британскиот трговец на храна и облека на мало „Marks & Spencer“ (M & S) објави нов пад на основната продажба на облека во последниот квартал, иако падот е малку под очекувањата на аналитичарите. Во исто време продажбата без попусти – клучен показател за профитабилноста, продолжуваат да расте, соопштува „Ројтерс“.

Групата вели дека програмата за обновување оди по планот и ги задржи насоките за финансиската 2017-2018 година.

„Трговијата во првиот квартал е во согласност со нашите очекувања и најверојатно ќе го постигнеме планот, објавен минатата година“, рече извршниот директор Стив Роу.

„Задоволен сум што продолжуваме да ја зголемуваат продажбата без попусти при облеката и стоките за дома, со помалку распродажби и без продажба за расчистување на стоките кои се на залиха во кварталот”.

„M & S“ – едно од најпопуларните имиња во британската малопродажба, изјави дека споредливата продажба на облека и стока за дома се намалиле за 1,2% во 13-те недели до 1-ви јули – првото фискално тромесечје.

Просечната прогноза на аналитичарите беше за намалување од 1,3% и за пад од 5,9% за претходните три месеци.

Продажбата на полни цени пораснаа за 7%.

Споредливата продажба на храна се намали за 0,1%, што е далеку под оценката на аналитичарите за раст од 0,6%.

Роу, кој е со стаж во компанијата од 27 години, стана нејзин извршен директор во април минатата година, преземајќи задача да ја заживее британската компанија.

Тој ја усвои стратегијата за реформа на бизнисот со облека на „M & S“, подобрување на квалитетот, моделите и присуството на асортиманот, а во исто време се бара и повисок квалитет на услугата, па клиентите да не бараат само големи распродажби и промотивни попусти.

Тој се обидува да ги претвори просторите на приземје во продавници, така што ќе ги трансформира во места за продажба на прехранбени производи, и да се намали изложеноста на „M & S“ кон меѓународни пазари со загуби, затворање продавниците на компанијата во десет земји.

Акциите на „M & S“, кои забележаа пад од 7% во последната година, ја стартуваа сесијата без посебна промена. Пазарната капитализација на компанијата е околу 5,5 милијарди фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП