7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД се враќа кон јагленот по повисоката цена на гасот во 2017-та

САД се враќа кон јагленот по повисоката цена на гасот во 2017-та

САД повторно ќе го насочи вниманието кон јагленот како извор на енергија по поскапувањето на природниот гас во првите месеци од годината, пишува „Ројтерс“. Според податоците, цитирани од агенцијата, во првото полугодие цената на гасот во најголемиот гасен центар во САД е зголемена за 46% на годишна основа.

Гасните централи ја платиле со 39% поскапо суровината, со која произведуваат електрична енергија, а нивното производство во првите четири месеци од годинава се намалува за 15%, покажува статистиката на американската Администрација за енергетска информации (EIA).

Генерално производството на електрична енергија во САД во истиот период е намалено за под 2%. Според „Ројтерс“ најмногу корист од повисоката цена на гасот имаат операторите на централите на јаглен во земјата. Кај нив производството расте со речиси 7 отсто.

Во периодот меѓу јануари и април централите на јаглен работеле со 49% од максималниот капацитет. Година порано тие работеле со 44% од својот капацитет, потсетуваат агенциите. За споредба гасните централи го намалиле обемот на работа – од 53% до 48% од максималниот капацитет.

Повисоката цена на природниот гас сепак го стимулира производството, а зголемената потрошувачка на јаглен пак дава слободен простор за извоз на суровината. Податоците на статистиката докажуваат дека во првите четири месеци од 2017-та година извозот на гас од САД расте со 50 проценти. Увозот се зголемува со 6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП