18 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНутритивни вредности кои ги поседува магдоносот

Нутритивни вредности кои ги поседува магдоносот

Магдоносот е богат со витамините А, Ц и К, како и витаминот Б9 (фолна киселина).

Од минералите, магдоносот изобилува со железо и калиум, а кога станува збор за антиоксиданси, содржи апигенин, лутеин и зеаксантин.

Две до три лажички сечкан магдонос во текот на денот ни ги обезбедува потребните количини на овие храниливи материи.

Чајот од магдонос ги чисти бубрезите на природен начин и поттикнува елиминација на токсините од телото, поради неговиот диуретичен ефект.

Чајот може да се подготви со свеж или сушен магдонос.

Во зовриена вода додадете една полна дланка свеж магднос или една лажица сушен магдонос и потоа оставете го да се вари уште пет минути на најниска температура.

Чајот, исто така, може да се користи и при чувство на надуеност, гасови или грчеви во цревата.

Чајот од магдонос помага и за варањето на храната, па идеално би било да се пие по оброците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП