17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБунт во Burberry поради платите

Бунт во Burberry поради платите

Политиката на плати на извршните директори во „Burberry“ предизвика вознемиреност кај еден акционер, фондот „Royal London Asset Management“.

Фондот соопшти дека ќе одговори на повикот на група инвестициони советници да гласаат против извештајот за приходите во компанијата.

Фондот „Royal London“, на годишниот состанок во четврток, исто така ќе гаса против реизборот на претсетседатлот на „Burberry“, Џон Пис, на таа функција, како и против Фабиола Аредондо, шефицата на комисијата за надоместоци, наведе во е-мајл пораката за агенцијата Блумберг една менаџерка на овој фонд.

„Збрканиот одговор на неколку прашања за надоместоците“ оваа година ја зголеми загриженоста во поглед на корпоративното управување во „Burberry“, објасни во соопштението менаџерката за корпоративно управување во фондот „Royal London“, Ешли Хамилтон Клакстон.

Во центар на овој проблем се и исплатите на награди за поранешниот главен извршен директор на „Burberry“, Кристофер Бејли, кој и понатака е креативен шеф на компанија, како и на главната финансиска директорка Џули Браун, наведува њујоршката агенција.

Советодавните групации „Institutional Shareholder Services“ и „Investment Association“ ги повикаа акционерите да гласаат против извештајот на „Burberry“ за палтите на Годишниот собир на акционери. Секоја од овие две групации советува дури 25 проценти од акционерската база на некои големи компании во Обединетото Кралство.

„Royal London“ држи акции на „Burberry“ во вредност од 33 милиони фунти (42,5 милиони долари), што е еднакво на удел од 0,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП