15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД, Кувајт и Британија: Што поскоро да се реши спорот со Катар

САД, Кувајт и Британија: Што поскоро да се реши спорот со Катар

САД, Велика Британија и Кувајт ги повикаа сите страни кои се инволвирани во дипломатскиот спор помеѓу Катар и другите арапски држави, несогласувањата да ги решат со дијалог, објави државната новинска агенција на Кувајт, КУНА.

Ова е објавено во момент кога американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и британскиот советник за национална безбедност Марк Сидвел престојуваат во Кувајт, кој делува како посредник во решавање на спорот помеѓу државите кои се сојузници на западните држави.

Саудиска Арабија, Бахреин, Обединети Арапски Емирати и Египет минатиот месец му воведоа санкции на Катар, обвинувајќи ја државата дека го помага тероризмот, што катарските власти остро го демантираа.

Саудиска Арабија и нејзините сојузници ја обвинија официјална Доха за финансирање на екстремниот тероризам и сојузништво со Иран. Катар ги негира обвинувањата и тврди дека бојкотот е дел од кампањата бидејќи државата води независна надворешна политика.

Катарскиот шеф на дипломатијата, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, рекол дека Катар не е подготвен да ја менува својата надворешна политика за да го реши спорот со државите од Персискиот Залив и дека никогаш нема да се предаде.

САД најавија дека Тилерсон ќе разговара со лидерите во Кувајт, Катар и Саудиска Арабија, бидејќи Белата куќа стравува дека кризата може да ги загрози нивните воени и антитерористички операции и да го засили регионалното влијание на Иран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП