9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВојната ја чини Сирија 226 милијарди долари

Војната ја чини Сирија 226 милијарди долари

Шесте години на конфликт во Сирија ги опустоши инфраструктурите на земјата и доведе до загуби за економијата од околу 226 милијарди долари. Тоа го покажува проценката на Светската банка, цитирана од агенциите.

Катастрофална војна во која загинаа над 320.000 лица. Речиси половина Сиријци ги напуштија своите домови од почетокот на воените дејствија во март 2011-та година.

Светската банка сепак забележува дека размерот на уништување е многу подалеку и потсетува на загинатите и уништените инфраструктури.

„Војната во Сирија го уништува социјалното и економското ткиво на земјата“, изјави потпретседателот на институцијата за Блискиот Исток и Северна Африка, Хафез Ганем.

„Бројот на жртвите е надмоќен, но војната ги уништува и институциите и системите, од кои треба општествата, за да функционираат. Нивното реновирање ќе биде поголем предизвик од обновата на инфраструктурата, а овој предизвик само расте со продолжувањето на војната“, посочи Ганем.

Според Светската банка близу 538.000 работни места исчезнувале годишно во периодот меѓу 2010-та година и 2015-та година. Околу 9 милиони Сиријци на работоспособно население или воопшто не работат, или пак не се евидентирани ниту во училиштето, ниту во центар за професионална обука.

Според експертите на Светската банка, ако конфликтот во Сирија заврши оваа година, бруто домашниот производ на земјата би можел за четири години да се опорави до 41 отсто од нивото пред конфликтот.

Со секоја дополнителна година овој процент се намалува, забележува AFP.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП