2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД: САД и Велика Британија го забавуваат растот на глобалната економија

ОЕЦД: САД и Велика Британија го забавуваат растот на глобалната економија

Значајното забрзување на глобалниот економски раст е малку веројатен оваа година откако изледите за економијата на САД, Велика Британија и Русија ослабеа, наведе вчера Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), повикувајќи се на водечките индикатори кои укажуваат на рани сигнали на забрзување или забавување на економската активност.

Според податоците за мај, ОЕЦД наведува дека Франција и Кина забележале побрз раст, но дека овие позитивни вести се неутрализирани со „моменталните“ знаци на слабеење во најголемата светска економија, но и во Велика Британија, Италија и Русија. Економскиот раст секако ќе забрза оваа година, но не во мерка во која беше очекувано. Лидерите на Г20 самитот во Хамбург во текот на изминатиот викенд заклучија дека изгледите се „охрабрувачки“, но дека брзината на растот и понатака е послаба од посакуваното ниво.

На почетокот на годината водечките индикатори укажуваа на забрзување на американскиот економски раст, пред се на база на очекувањата дека новата администрација ќе ја зголеми инфраструктурната потрошувачка и ќе спроведе даночни реформи. Но овие очекувања се пропаднати, како и очекувањата за големиот раст по лошиот прв квартал. Во меѓувреме, и Велика Британија трпи притисоци поради слабата лична потрошувачка, која следеше по скокот на инфлацијата по острото слабеење на фунтата предизвикано со одлуката за Брегзит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП