18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо бурниот самит на Г20, Германците бележат скок

По бурниот самит на Г20, Германците бележат скок

Германскиот трговски суфицит се зголеми во мај, покажуваат официјалните објавени податоци.

Оваа вест доаѓа само ден-два по бурниот самит на Групата 20 „Г20“ кој го одбележаа судири од Соединетите Држави поради протекционизмот, известува агенцијата Франс прес.

Извозот на најголемата економија во Европа порасна во мај за 1,4 проценти во споредба со април, прилагоден на сезонските ефекти, достигнувајќи ниво од 107,9 милијарди евра, соопшти Федералната канцеларија за статистика, Дестатис.

Увозот е зголемен за 1,2 проценти, на 87,6 милијарди евра, така што германскиот трговски суфицит, благодарение на побрзиот раст на извозот од увозот, скокна на 20,3 милијарди евра во мај во споредба со 19,7 милијарди од април.

Во однос на истиот месец минатата година, извозот порасна за 14,1 проценти.

Вишокот во надворешно-трговската размена за цела година изнесува околу 250 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП