18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеферендумот во Валандово за Казандол ќе се одржи на 20-ти август

Референдумот во Валандово за Казандол ќе се одржи на 20-ти август

Општина Валандово на 20 август ќе спроведе референдум на кој жителите ќе се изјаснуваат за продолжување или стопирање на работата на рударскиот комплекс „Казандол“, како и за тоа дали да се отворат нови рудници за металични минерални суровини.

Одлуката за референдумот на итна седница ја потврди Советот на општина Валандово, информираат од иницијативата „Спас за Валандово“.

Ова е втора одлука за референдумско изјаснување на советниците на Валандово откако претходно градоначалникот на Општина Валандово, Николче Чурлиновски, првичната одлука на Советот за распишување окален референдум одлучи да ја запре.

Претходно на референдум Гевгелија и Богданци се изјаснија против отворањето рудници. Жителите на Дојран ќе се изјаснат на 23 јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП