11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо крајот на летото МВР ќе издава документи и попладне

До крајот на летото МВР ќе издава документи и попладне

Почнувајќи од вчера до крајот на август, отсеците за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и во Штип ќе работат во две смени, од 8.30 до 20 часот.

Од МВР информираат дека покрај можноста што продолженото работно време ја отвора, граѓаните да може потребните документи или уверенија да ги вадат и по работното време, поради зголемениот обем на работа се воведува уште една измена за да им се олесни на граѓаните.

Така, отсега проверката дали на возачот му е изречена забрана за управување со моторно возило, постапка што е потребна за вадење меѓународна возачка дозвола, ќе може да се врши и на шалтерите на МВР во станиците за технички преглед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП