3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК за бегалските кампови на грчките острови одобри 6,48 милиони евра

ЕК за бегалските кампови на грчките острови одобри 6,48 милиони евра

Европската комисија денеска одобри 6,48 милиони евра за подобрување на условите на живот во центрите за прием на бегалци на грчките острови Лезбос и Хиос.

Средствата ќе бидат наменети за обезбедување на храна, вода, водовод и канализација, како и за подобрување на здравствените и образовни услуги за бегалците на островите во Егејското море.

Грција од 2014 година вкупно доби околу 900 милиони евра од Европска унија за справување со бегалската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП