20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовинари од Блумберг шпиунирале банкари

Новинари од Блумберг шпиунирале банкари

bloomberg_large

Новинарите од Блумберг користеле доверливи и приватни информации на компании со цел да направат свои ексклузивни приказни.

Новинарите на светски познатиот бизнис портал Блумберг користеле приватни информации од Блумберговиот терминал како би ги шпиунирале вработените во банката Голдман Сакс.

Новинар на Њу Јорк Пост изјави дека новинарите на Блумберг шпиунирале најмалку уште една компанија, но не е познато колку време траела оваа пракса.

Финансиските компании од Вол Стрир плаќаат на Блумберг милионски суми на годишно ниво, како нивните вработени би закупиле Блумбергов терминал на кој се наоѓаат бројни деловни податоци.

Терминалот би требало да биде сосема одвоен од секторот кој се бави со вестите. Блумберговите репортери ги користеле приватните системи и имале увид кога некој клиент ќе влезе во терминалот и кои информации и функции ги користи.Подоцна тие информации ги користеле за свои ексклузивни приказни.

Голдман Сакс сватиле што прават новинарите на Блумберг, така што на новинарите им биле ускратени привилегиите да можат да ги гледаат инфомациите од терминалот.

Дан Докторф, директор на Блумберг, испрати меил во кој се извинува на клиентите на настанатите пропусти и вети дека никогаш повеќе нема ова да се случи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП