9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПри крај градежните активности за пробивањето на булеварот Србија

При крај градежните активности за пробивањето на булеварот Србија

Булеварот Србија наскоро ќе биде завршен и изграден по целата негова должина, најави денеска скопскиот градоначалник Коце Трајановски, кој изврши увид во градежните работи на пробивањето на булеварот Србија до улицата „Христо Татарчев“ и изградбата на нов кружен тек.

„Покрај проширувањето на коловозот и новиот кружен тек, со градежните работи се врши и реконструкција на повеќе улици кои влегуваат во новиот кружен тек, се градат пешачки и велосипедски патеки, се поставува ново улично осветлување, а во тек е изградбата на целосно нова атмосферска канализација. На терен се работи интензивно и изградбата се одвива според предвидената динамика и сите работи ќе завршат во предвидениот рок “, најави градоначалникот Коце Трајановски.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, изјави дека со реализацијата на овој проект ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот бидејќи на местото на коешто се гради новиот кружен се создаваше сообраќаен метеж.

„Сакам да напоменам и дека паралелно со овие градежни работи, се врши и реконструкција на дел од улицата ‘Христо Татарчев’ кон населбата Припор, со што значително ќе се подобар условите за одвивање на сообраќајот во овој дел од општината“, рече Беличанец-Алексиќ.

Градот Скопје во овој капитален проект ќе вложи 98 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП