2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорасна инфлацијата во Кина

Порасна инфлацијата во Кина

Инфлацијата во Кина, мерена со растот на цените во потрошувачката, во јуни изнесувала 1,5 отсто на годишно ниво.

Тоа е незначително под очекувањата на аналитичарите од 1,6 отсто, но остана стабилна во однос на мај, објави Државниот завод за статистика.

Истовремено, цените на производите на излез од фабрика се стабилизирале во јуни по три последователни месеци забавување, додека аналитичарите очекуваат дека слабеењето на економскиот раст ќе продолжи да влијае врз движењето на инфлацијата.

Индексот на производните цени порасна 5,5 отсто во однос на минатата година што, според соопштението од статистика, е непроменето во однос на мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП