13 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКеш бонтон: Кога треба да платите, а кога да не се фаќате...

Кеш бонтон: Кога треба да платите, а кога да не се фаќате за паричникот

Кога ќе дојде редот за плаќање, без оглед дали е оброк или пијалок во прашање, не треба да плати оној кој е најбрз, туку за ваквите ситуации постои бонтон.

Деловна вечера

Личноста која повикала на вечера секогаш треба да плати. Компанијата секогаш треба да обезбеди клиентот да не се фати за паричникот.

Излегување со непознат

Поделете ја сметката на еднакви делови ако цените на она што сте го нарачале се слични, доколку не се слични секој треба да си ги плати своите нарачки.

Излегување со блиски пријатели

Можете да ја поделите сметката или доколку станува збор за многу блиско лице да се менувате во плаќањето, еднаш вие, нареден пат другата страна.

Роденденска вечера

На роденденските забави плаќа славеникот, но во случај да сте го надминале поставеното ограничување, треба сами да платите или да плати славеникот доколку така е најавено.

Излез со колегите од работа

Главно вообичаено е секој да го плати она што го нарачал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП