6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Германците мора да се пензионираат подоцна

ММФ: Германците мора да се пензионираат подоцна

Меѓународниот монетарен фонд ја повика Германија да ја укине возраста за пензионирање во земјата.

Во 2013-та година германскиот канцелар Ангела Меркел ги намали барањата за пензионирање во Германија, потег кој беше доста популарен меѓу гласачите, но тоа навлече голем број критики од страна на економистите и експертите.

Како резултат на промените тогаш, многу Германци веќе можат да се пензионираат на 63-годишна возраст, колку да имаат 45 години стаж, според податоците на „European Observatory of Working Life“, цитирани од „CNN“.

Германскиот совет на економски експерти сепак прогнозира дека пониската граница за пензија ќе ја чини земјата дополнителни 10 милијарди евра годишно.

Така на крајот на минатата недела ММФ исто ја засегна оваа тема, наведувајќи дека во името на светската економска стабилност, Германија треба да ја укине возраста за пензионирање, но не наведе со колку треба да се зголеми прагот за пензионирање.

Аргументите на ММФ се дека ако постарото германско население работи подолго, тогаш ќе заштедува помалку, што ќе доведе до повисока потрошувачка. Тоа би било добро за економијата, забележуваат од фондот.

Германската економија со години е подложна на критики дека функционира со фокус заштеда и извоз, наместо да се развива во насока потрошувачка и повисоки трошоци.

Извозот на стоки произведени во Германија, како автомобилите „Volkswagen“ и турбините „Siemens“, дефинитивно играат главна улога во благосостојбата на земјата.

Доминацијата на германската економија, води до дефицити во буџетите на нејзините главни трговски партнери во ЕУ, за сметка на вишоците на тековната сметка на Германија.

Така, според ММФ, земјата може да се насочи кон справување со регионалните дисбаланси преку инвестиции во инфраструктура и интеграција на бегалците во локалното општество, како и зголемување на возраста за пензионирање.

„Пензиската реформа ќе ги стимулира луѓето да се пензионираат подоцна што ќе ја редуцира потребата од заштеди, охрабруваќи ја потрошувачката, а ќе го намали и вишокот на тековната сметка“, забележува Енрике Детрагиаче, експерт од ММФ.

Предлогот на ММФ изгледа сепак нема да влијае на ситуацијата во Германија и да доведе до реформи. Особено пред претстојните избори во септември оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП