19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордно - за еден месец 222.000 нови работни места

Рекордно – за еден месец 222.000 нови работни места

Американските работодавачи во јуни отвориле дури 222.000 нови работни места, што е најголемата цифра во последните четири месеци.

Стапката на невработеност, сепак, порасна на 4,4 проценти од 4,3 проценти од мај, а причина за тоа е се поголемиот број на Американци кои започнале да бараат работа, но работа не нашле сите, соопшти американското Министерство за труд, пренесува агенцијата АП.

Министерството, исто така, ја зголеми проценката за раст на вработувањата за април и мај за вкупно 47.000.

Во првата половина од годината, месечно се отворани во просек околу 180.000 работни места, што е благо под минатогодишното темпо.

И покрај силното вработување, просечната заработка по час во јуни пораснала за само 2,5 проценти на годишно ниво, што е под растот од 3,5 проценти за вообичаената стабилна економија.

Економијата на САД пораснала за слаби 1,4 проценти во првите три месеци од оваа година на годишно ниво, што е под просечното темпо на раст од 2,0 проценти регистрирано во рок од осум години од завршувањето на рецесијата.

Повеќето економисти, сепак, предвидуваат дека економскиот раст на САД ќе закрепне во кварталот април-јуни и дека на годишно ниво ќе достигне стапка на раст од 2,5 проценти или повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП