8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија врати долг од речиси милијарда евра

Бугарија врати долг од речиси милијарда евра

Бугарија, која е една од најнезадолжените земји во Европа, врати речиси милијарда евра надворешен долг, соопшти бугарското Министерство за финансии.

Од Министерството наведоа дека долгот е исплатен во корист на државните еврообврзници, кои Бугарија ги емитувала пред пет години, а чиј рок на доспевање истече вчера.

Вратени се 950 милиони евра од главницата и последниот долг по основа на камата во износ од 40,935 милиони евра, се наведува во соопштението.

Државниот долг на Бугарија сега е на ниво од 11,934 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП