11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на Заев со израелска бизнис делегација: Создадени се услови за развој...

Средба на Заев со израелска бизнис делегација: Создадени се услови за развој на економската соработка

Претседателот на Владата, Зоран Заев вчера се сретна со израелска бизнис делегација, којашто ја предводи поранешниот висок функционер во Владата на Израел, Силван Шалом.

Тема на разговорот беше можноста за инвестиции во Македонија. Изразен е интерес од страна на израелските бизнисмени за инвестирање во нашата држава. Констатирано е дека се создадени услови за унапредување и развој на соработката на полето на економијата, по демократските промени што се случија во Македонија, се истакнува во соопштението.

„Владата води политики на отворени можности за граѓаните и за Македонија. Преку реформскиот процес за којшто се определивме, ја градиме Македонија во стабилна, правна држава, во којашто законите ќе важат подеднакво за сите и ќе ја штитат правдата, без разлика дали станува збор за граѓани или правни субјекти, компании, претпријатија кои работат во земјава. Нашата цел е да ја осигураме егзистенцијата на граѓаните, но исто така да обезбедиме клима на сигурност кај сегашните и потенцијалните домашни и странски инвеститори, коишто можат значително да придонесат во потребниот економски развој на нашата држава“, рече премиерот Заев.

Израелската бизнис делегација е во Македонија со цел да ги разгледа условите и придобивките од Програмата на новата Влада за инвестирање во земјава, како и областите во коишто има потреба и простор за тоа. Со бизнисмените од Израел е поранешниот вицепремиер на Израел и поранешен министер за внатрешни работи, Силван Шалом, кој како пријател на Македонија, сака да и помогне на земјава во поттикот на странски инвестиции и економскиот развој, соопшти Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП