12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Додека не се реши кризата во Украина и во Сирија, санкциите...

Трамп: Додека не се реши кризата во Украина и во Сирија, санкциите за Русија остануваат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека санкциите кон Русија ќе останат на сила се додека не се реши кризата на истокот на Украина и во Сирија.

„Ништо нема да биде превземено се додека не се решат проблемите во Украина и Сирија“, порача Трамп на Твитер, по враќањето во Вашингтон, по четиридневната посета на Европа, во рамките на која ја оствари и првата средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп изјави дека санкциите за Русија не биле на дневен ред на разговорите со Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП