2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Најпрофитабилните и најголемите загубари меѓу суровините за првата половина...

График на денот: Најпрофитабилните и најголемите загубари меѓу суровините за првата половина на 2017-та

Со нагли движења на цените, огромни подеми, возбудливи откритија на ресурси и екстремни временски настани деновите на трејдерите во секторот на суровините обично не се здодевни, коментира „VisualCapitalist“.

За носителите на позиции кај суровините добрата вест е дека секторот веќе не тоне. Лошата вест е дека сите движења неодамна се насочени кон побрзо растечките сектори, на пример метали како кобалт, цинк и литиум, кои се претставуваат многу добро.

Во исто време водечките суровини (злато, нафта, бакар) се уште остваруваат падови и не можат да стигнат до претходните периоди на слава.

Најпрофитабилните суровини

Паладиумот е најдобро претставена суровина засега во оваа година, речиси надминувајќи ја цената на платината. Ова се случува за прв пат од 2001-ва година, а во периодот 2007-2012 година цената на паладиумот беше со 1.000 долари пониска од онаа на платината.

Земјоделските производи, како суровиот ориз, свинското место, овесот и пченицата, исто така сериозно поскапуваат во оваа година. Во исто време металите како злато, бакар и сребро остваруваат полесен раст во цените, но сепак одат нагоре по својот остар пад на крајот на 2016-та година.

Најголемите загубари меѓу суровините

Најголемиот губитник од почетокот на годината досега е шеќерот. Тој се урива со над 30% во оваа година и главната причина е слабата потрошувачка на шеќер во Индија – најголемиот корисник на суровината во принцип.

Исто многу слабо се претстават суровините поврзани со енергијата, а на чело е природниот гас.

Дали се евтини суровините?

Од дното по финансиската криза во 2009-та година до денес индексот „S & P 500“ отскокнува со 215,4%.

Во истиот тој период повеќето основни суровини паднаа, а потоа не успеаја да најдат постојана насока. Индексот на суровините „Goldman Sachs Commodity Index“ (GSCI) забележува опаѓање од околу 31,2%, што е спротивно на претставувањето на акциите.

Со други зборови, и покрај недостатокот на акција во суровините што ја нагласивме претходно, секторот никогаш не бил поевтин во однос на акциите од пред 45 години. Ова значи дека наскоро може и да го видиме така потребното раздвижување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП