3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 поучни и инспиративни говори (видео)

10 поучни и инспиративни говори (видео)

Дали некогаш ви се случило нечија реченица или говор да ве наведат да размислувате поинаку и да промените барем еден дел од својот досегашен живот?

Луѓето кои се обраќаат во оваа компилација од десет видеа поминале низ многу тешкотии, подеми и падови, пред да станат она што се денес и буквално се идеалните личности кои треба да држат вакви мотивациони говори.

Слушнете го Питер Динклиџ кој говори за првите денови на работа, Марк Цукерберг кој објаснува дека најголемиот успех доаѓа од слободата да направите неуспех, Стивен Спилберг кој говори дека мораме да го слушаме внатрешниот глас, а не туѓото мислење, Џ.К. Роулинг која зборува за распаднатиот брак и сиромаштијата од кои почнала како пропаднат случај или Опра Винфри која гласно порачува дека мораме да сфатиме дека одговорноста за нашиот живот е кај нас самите.

Покрај нив ќе ги слушнете и неверојатните говори на Чарли Деј кој вели да останеме гладни за животот, Силвестер Сталоне кој вели дека после секој удар мораме да станеме, Вил Смит кој на уникатен начин објаснува дека стравот е илузија, Ерик Томас кој својата публика ја прашува колку силно посакува успех и Мартин Лутер Кинг кој испраќа порака дека мораме да веруваме во себе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП