28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCirque du Soleil ја купува Blue Man Productions

Cirque du Soleil ја купува Blue Man Productions

Канадската компанија која стои зад „Cirque du Soleil“, ја купува американската компанија „Blue Man Productions“ како дел од обидите да ги диверзификува своите бизниси надвор од циркуската уметност, пишува „BBC“.

Циркуската трупа со седиште во Монтреал најави дека договорот ќе и помогне да изгради светско присуство.

Договорот е во вредност од десетици милиони долари, коментира директорот на циркусот Даниел Ламар. Договорот е дел од планот за раст, создаден откако фирмата за акционерски капитал инвестира во циркус во 2015-та година.

Сега „Cirque du Soleil“ има за цел да стане „глобален лидер во забавата на живо“, коментира Ламар.

Во својата изјава, тој посочи дека купувањето на „Blue Man Group“ е „решителен чекор“ во насока на спроведувањето на овие амбиции.

„Сакаме да ги прошириме нашите видици, да развиеме нови форми на забава, да достигнеме до нова публика и да ги прошириме нашите креативни способности“, додава тој.

„Cirque du Soleil“ започна во 1984-та година како група од 20 улични уметници. Сега е компанија со речиси 4.000 лиза и со приходи од околу 1 милијарда долари.

Во 2015-та година групата која ја вклучува американската инвестициска фирма „TPG Capital“, го стекна мнозинскиот удел во „Cirque du Soleil“. „TPG“ има инвестирано и во трговецот на модни стоки „J Crew“, во музичката стриминг услуга „Spotify“ и во компанијата за споделено патување „Uber“.

Ламар тврди дека гледа можности за раст преку трансформирањето на „Blue Man“ во поголем играч на светската забавна сцена.

„Blue Man Group“ е основана во Њујорк од тројца пријатели. Таа изведува настапи од 1991-ва година и има околу 550 вработени. Инвестициската компанија „GF Capital“ стекна удел од компанијата во 2010-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП