9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПринцот до странците: Не сме повеќе рај, прво платете

Принцот до странците: Не сме повеќе рај, прво платете

Саудиска Арабија започнува со оданочување на странците кои работат во приватниот сектор.

Тоа е една од мерките од реформите на принцот престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Кралството, да се потсетиме, долго беше сметано за рај за странците, кои беа ослобедени од даноци, а претрпе сериозен удар во 2014 година, кога цените на нафтата нагло опаднаа.

Странците кои работат во приватниот сектор започнаа од 1 јули да плаќаат семеен данок од 100 ријали (23,40 евра) месечно за секој малолетен или невработен роднина кој живее во Кралството.

Се проценува дека 11 милиони странци работат во саудискиот приватен сектор и дека тие издржуваат 2,3 милиони невработени роднини кои живеат во Саудиска Арабија.

Се очекува дека данокот ќе биде зголемуван секоја година до 2020 година, кога на годино ниво ќе достигне 4.800 ријали (1.126 евра).

Амбициозниот план на принцот, наречен Визија 2030, има за цел проширување на инвестиционата база на земјата и диверсификација на економијата која претходно зависеше од производството на нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП