Европската комисија ќе реагира доколку САД воведе казнена царина на челикот, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, на самитот на Г20 во Хамбург.
„Доколку САД воведе царина на увозот на европскиот челик, Европа е подготвена да реагира веднаш и на адекватен начин“, изјави Јункер пред новинарите, пренесува Ројтерс.
Тој, исто така, се осврна на новиот трговски договор на ЕУ и Јапонија кој беше потпишан вчера, наведувајќи дека тој договор покажал дека Европејците не подигнуваат „протекционистички ѕидови“.