3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА400 милиони евра државата му должи на стопанството

400 милиони евра државата му должи на стопанството

Претходната влада направила 400 милиони евра долг кон стопанството, објави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на која го презентираше ребалансот на Буџетот.

Заев најави дека во рамките на ребалансот на буџетот најголемо кратење направил во сопствениот премиерски буџет.

Според него, кратењето ќе изнесува 420 милиони денари кои биле наменети за реклами и промоции. Тоа според него е намалување на неговиот премиерски буџет за 30 отсто.

Заев на прес-конференција во Влада изјави дека ребалансот ќе ги усогласи разликите на проектираното и реализираното, дека ќе има кратење на непродуктивните трошоци, а дека приходите се сведени на реални очекувања.

Заев рече дека основна цел на Владата е да креира Буџет кој на најдобар начин ќе овозможи реализација на ветувањата што ги дадоа и дека ќе овозможат услови за непречено остварување на финансиските планови.

Според Заев приходите за наредниот период се сведени на реални очекувања, а дефицитот од 2.9 отсто не е зголемен.

Проекцијата на минатата влада за раст на БДП во 2017 бил 3 отсто.

„Имајќи предвид дека растот во првиот квартал е 0 проценти, наша проекција дека растот на БДП ќе биде 2,2, отсто“, рече Заев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП