20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВчера усвоен ребалансот на Буџетот и доставен до Собранието

Вчера усвоен ребалансот на Буџетот и доставен до Собранието

Владата на вчерашната седница го усвои ребалансот на Буџетот и го достави до Собранието. Премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Влада изјави дека ребалансот ќе ги усогласи разликите на проектираното и реализираното, дека ќе има кратење на непродуктивните трошоци, а дека приходите се сведени на реални очекувања.

Заев рече дека основна цел на Владата е да креира Буџет кој на најдобар начин ќе овозможи реализација на ветувањата што ги дадоа и дека ќе овозможат услови за непречено остварување на финансиските планови.

Според него приходите за наредниот период се сведени на реални очекувања, а дефицитот од 2.9 отсто не е зголемен.

Проекцијата на минатата влада за раст на БДП во 2017 бил 3 отсто.

„Имајќи предвид дека растот во првиот квартал е 0 проценти, наша проекција дека растот на БДП ќе биде 2,2, отсто“, рече Заев.

Додаде дека ќе се реалоцираат над милијарда денари за да се крпи буџетот на ПИОМ за пензии.

Најголемо кратење ќе има во премиерскиот буџет од 420 милиони денари, кај средствата предвидени за реклами и промоција.

Заев рече дека владата обезбедила пари за 3.000 стечајци кои ќе добиваат месечен надомест.

Во Буџетот 9 милиони евра се планирани за сите активни мерки за нови вработувања за младите.

Приходите од даноци се проектирани на пониска основа, за како што рече Заев, да бидат на реална основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП