10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 60 решенија за легализирање на дивоградби беа доделени во Прилеп

Нови 60 решенија за легализирање на дивоградби беа доделени во Прилеп

Во зградата на локалната самоуправа во Прилеп денеска беа доделени нови 60-тина решенија за легализација на дивоградби. До овој момент во Прилеп легализирани се над 9.000 дивоизградени објекти.

„Традиционално на крајот од работната недела Општина Прилеп ги доделува решенијата за легализирање на дивоградбите. Сега ќе бидат доделени 60-тина решенија за легализација. Ние и понатаму како град сме лидери во Македонија при спроведувањето на ова законско решение. Над 9.000 објекти се легализирани во нашиот град, а сето тоа локалната самоуправа го прави заедно со приватните катастри за да што побрзо се заврши овој процес. Легализацијата ќе продолжи со несмален интензитет се додека не се легализира и последниот објект кој ги исполнува законските услови за легализација“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Реализацијата на проектот во 2016 година во Општина Прилеп беше над 60 проценти кога во декември истече крајниот рок за поднесување на елаборатите за барањата поднесени во 2011 година, како едни од најглавните документи за решавањето на овие предмети. Краен рок пак за поднесувањето на елаборатите за барањата поднесени во 2016 година е крајот на оваа година.

Со легализацијата опфатени се барањата на граѓаните поднесени во 2011 година како и дел од барањата кои се однесуваат на 2016 година од продолжениот рок. Во 2011 година беа поднесени 15.367 барања за легализација, а во 2016 година 3.077 барања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП