19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако набрзина да се подготвите за деловниот состанок

Како набрзина да се подготвите за деловниот состанок

Часот е 08:50, а вашиот мобилен ви сигнализира дека во 09:00 имате состанок кој сосема сте го заборавиле….имате само десет минути да се подготвите, а незнаете од каде да почнете? Не се грижете овие совети ќе ви помогнат да се подготвите за состанокот.

Знајте ја основата

Во новинарството секоја вест мора да даде одговор на петте важни прашања: кој, што, кога, каде и зошто, на кои природно се додава и прашањето – како.

Токму овие прашања ќе ви помогнат успешно да се подготвите за деловниот состанок.

Кој

Со кој одите на состанок? Дали е тоа состанок со претпоставените или со некои клиенти? Кога ќе го знаете одговорот на ова ќе можете да го подготвите потребниот материјал за состанокот.

Што

За што ќе се разговара на состанокот? Што вие морате да кажете и порачате, каква порака сакате да оставите? Прегледајте ги сите ваши белешки и информации поврзани за состанокот и размислете за темата за раговор.

Кога

Знаеме кога, за 10 минути. Но не тоа кога, туку кога ќе ви бидат потребни сите овие информации. Ако нешто можете да одложите за некој нареден состанок, одложете го за да се подготвите подобро.

Каде

Каде се одржува состанокот? Не е важно само како да пристигнете до таму, туку и во каква просторија ќе се одржи состанокот. Локацијата често го одредува расположението на учесниците.

Зошто

Зошто треба да бидете на овој состанок и зошто тој е закажан токму денес? Прашањето зошто ќе ви помогне да ја сфатите важноста на состанокот и сите потребни информации да ги понесете со себе. Потсетете се, можеби денес за вашата компанија е последниот ден од фискалниот квартал, па потребно ќе биде да ги понесете и месечните листи или сл.

Како

Како да ги пренесете информациите? На листови или во вашата глава, можеби во „PowerPoint“? Ако станува збор за само десет минути, вие немате време да се подготвувате дополнително, напишете на едно ливче хартија неколку клучни точки кои никако не смеете да ги заборавите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП