2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на штедењето на домаќинствата во еврозоната

Раст на штедењето на домаќинствата во еврозоната

Стапката на штедење на домаќинствата во еврозоната повторно порасна во првиот квартал, по благиот пад на крајот на минатата година, покажаа проценките на европската канцеларија за стaтистика.

Во периодот од јануари до април сезонски прилагодената стапка на штедење на домаќинствата во еврозоната порасна на 12,3 проценти, од 12,1 проценти колку што според ревидираната проценка изнесуваше во последниот кавртал од 2016 година.

Со тоа повторно е достигнато нивото кое беше забележано во третиот минатогодишен квартал и на почетокот на минатата година, покажуваат податоците на Еуростат, објавени вчера.

На почетокот на оваа година повторно порасна и сезонски прилагодената стапка на инвестиции на домаќинствата во еврозоната, достигнувајќи го нивото од крајот на 2012 година, од 8,9 проценти.

Евростат воедно ја ревидираше и проценката за нејзината вредност во последниот минатогодишен квартал, од 8,5 на 8,6 проценти.

Бруто прилагодениот распожлив приход во периодот од јануари до април номинално порасна за 0,8 проценти, најсилно во речиси девет години, покажуваат податоците на Евростат.

Во последниот минатогодишен квартал тој е зголемен за 0,6 проценти.

Растот на реалната конечна потрошувачка повторно благо забави на почетокот на оваа година, на 0,6 проценти од 0,8 проценти колку што стапката на нејзиниот раст изнесуваше во последниот минатогодишен квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП